ОД 30 СЕПТЕМВРИ ДО 4 ОКТОМВРИ: 500 000 денари од Град Скопје за „ВИНО СКОП 2015“
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2015
Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле, Бојан Маровиќ,Eye Cue, Chill Play, Brass Brothers, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус, Самбанса, Коверленд, Калевала, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, Дј Славе, Дј Тина, Кепурдат, Rover's Hangover, The Hounds, Караваниа, Дејан Цукиќ ( Бајага и Инструктори) се дел од ѕвездите кои годинава ќе се погрижат да уживате во дегустацијата и фестивалот на виното „ВИНО СКОП 2015“.
Местото на настанот ќе биде зад спортскиот центар „Борис Трајковски“, на паркингот кај Аква парк а стартува од од 30 септември до 4 октомври.
Деветиот пат на винскиот фестивал Вино Скоп 2015 е во тадиционална организација на Град Скопје и организацијата „Темов“.
Ќе може да уживате во над 20 најдобри македонски вински брендови, кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино.
Градот Скопје од Буџетот издвои 500 000 денари.