ОД 300 ДО СКОРО 6.000 ЕВРА ТРОШОЦИ ЗА ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ДОДЕКА СТЕ НА ОДМОР: Најскапи дестинации за лекување ако немате патничко осигурување
Објавено во: Економија 02 Август, 2023
Лекувањето во
странство би можело да чини десет, па дури и неколку стотици пати повеќе од
цената на патничкото осигурување. Повреда од паѓање во Шпанија, кој завршува со
конци,односно шиење во просек е 600 евра, а за споредба.
Откако ќе ја напуштите Европа, трошоците стануваат многу поголеми, особено за посериозни повреди. Шиењето во САД чини 2.100 евра, а итен повик, односно болничко возило ќе чини речиси 3.000 евра. Едно истражување открило дека третманот може да чини до 1.200 евра ако ја скршите раката додека скијате во Франција, до 270.000 евра ако доживеете срцев удар во САД и до 14.000 евра ако ве касне медуза во Австралија, пишува Вечерњи лист.
Трошоците за труење со храна во Франција се 300 евра, во Шпанија 2.350, во Мексико 4.090, а во САД 5.845 евра.
Дури и само рецепт за лекови против болки некаде чини мало богатство. Додека во Франција е потребно да се издвојат 23 евра, во Шпанија 175, во Тајланд 410, а во Јамајка 880 евра.
Ако склучите полиса за патничко осигурување, овие трошоци може да ги покрие осигурителната компанија. Покритието за медицински третман во странство треба да биде приоритет број еден при купувањето патничко осигурување.
Unsplash/Francesca Trico* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.