Од Берово стартува проектот „Наш специјалист“
Објавено во: Македонија 02 Април, 2015
Со цел да се надминат одредени проблеми во здравството поради недостигот од спрецијалисти во неколку подрачја ширум земјава од најисточниот град Берово Министерството за здравство ќе започне со имплементација на новиот проект „Наш специјалист“ кој го претстави денеска .
Со патен налог ќе биде упатуван доктор специјалист од една до друга здравствена институција од три до пет дена во текот на месецот.
За оваа одлука Тодоров вели се одлучил бидејќи во некои подрачја на земјата нема доволен број или воопшто нема специјалисти од некоја област и како резултат на тоа граѓаните од тој град или регион се принудени за конкретната здравствена услуга да патуваат до најблиската клиничка или општа болница во регионот со што се изложуваат на трошоци, а се прави и оптоварување на докторите кои работат во тие клинички и општи болници каде ја има таа специјалност.
Од Берово и Валандово за два дена ќе биде означен стартот на овој проект. Во овие два града секоја сабота од 8 до 15 часот ќе има специјалист невролог.
Се планира овој проект да се рашири и во другите градови.