OД БУЕНОС АИРЕС ЗА ФАКТОР: Koпнеам за пет минути надвор, кога ова ќе заврши многу ќе ја ценам слободата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Јули, 2020 06:41
Младиот Факундо Бохле од Буенос Аирес, Аргентина, по професија инженер за софтвери, за Фактор раскажува како го поминува времето за време на карантинот и колку очајно му недостига нормалниот тек на животот.
Аргентинската престолнина 17 дена, од 1 до 17 јули беше ставена во карантин, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Бохле вели дека му недостигаат барем 5 минути надвор, да може да шета слободно, но секое излегување надвор без причина носи ризик да биде уапсен.
„Првин, барем за мене, тоа не беше проблем. Престојот дома е нешто во што обично уживам како инженер за софтвер. Но, после некое време ќе почнете да се чувствувате лошо, депресивно, со вознемиреност и да копнеете дури пет минути да бидете надвор, а тоа го правам обично кога купувам намирници. 1 од 24 аргентински области живеат скоро нормално, со упатства за безбедност и социјално растојание. Сепак, во Буенос Аирес ви е дозволено само да излезете да купувате намирници или да одите во болница“, раскажува ова момче.
Додава дека во неговата земја има дел од електоратот, луѓе кои се против карантин, и кои протестирале без маски, со што придонеле бројот на заразени да расте.
Бохле вели дека се придржува до сите мерки за заштита од вирусот.

„Го поминав времето работејќи, канцеларијата ми е затворена и сега работиме од дома. Потоа гледам филмови или разговарам по телефон со семејството. Забележав дека спијам до 12 часа на ден. Веројатно тоа е несакан ефект на карантинот. Јас користам маски и ги преземам сите мерки за безбедност што ги предлага Министерството за здравство. Генерално, е многу негативно. Голем број луѓе ги загубија своите работни места. Многу луѓе се чувствуваат депресивно. Но, сите знаеме дека тоа е за наше добро, затоа се согласуваме дека треба да го задржиме овој начин на живот засега. Кога сето ова ќе заврши, ќе спортувам, ќе излезам, ќе се сретнам со моите пријатели и ќе патувам многу. Јас ќе ја ценам мојата слобода повеќе од сè“, рече Бохле.
Инаку, тој е голем обоважател на Македонија, иако никогаш не ја посетил, но е информиран за земјава, а има и пријатели Македонци.
Aргентина има повеќе од 114,783 потврдени случаи, а над 2.100 починаа од коронавирусот.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




