Од денес до петок Иванов ќе престојува во Албанија
Објавено во: Македонија 02 Април, 2015
Претседателот Ѓорге Иванов од денес ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија.
Се предвидува во Тирана да оствари средби со албанскиот претседател Бујар Нишани како и со премиерот Еди Прама и и со претседателот на Собранието на Република Албанија Илир Мета. Во рамки на официјалната посета на Република Албанија, претседателот Иванов ќе оствари средба и со Градоначалникот на Тирана, г. Љуљзим Баша. Претседателот Иванов ќе ја посети Општина Пустец во петок, каде што ќе се оствари средба со претставници на локалната македонска заедница.
Заедно со Иванов, во делегацијата што ќе патува во Албанија се и неговата сопрува Маја Иванова и министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски.