Добивај вести на Viber
Пониски сметки за парно за 14,24 отсто ќе плаќаат скопјани од денеска,односно оние кои се снабдуваат со топлинска енергија од компанијата “Балкан Енерџи Груп“. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Корисниците на топлинска енергија од “Скопје север“ ќе добијат сметки пониски за 13,45 отсто.
Промената на цената на топлинската енергија, како што наведува регулаторот, е предизвикана од падот на продажната цена на природниот гас.