Добивај вести на Viber
Во периодот од јули до декември минатата година се издадени 53 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 1,19 милијарди денари. Според соопштението од Државниот завод за статистика, според издадените одобренија за употреба, 40 (75,5%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, 8 (15,1%) за објекти од нискоградба и 5 (9,4%)за објекти за реконструкција.
Од вкупно 53 објекти, на 38 (71,7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 15 објекти (28.3%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е одобрена употребата на 66 станови со вкупна површина од 6.281 метри квадратни