Од Макрон до Меркел - со кој се ќе се сретне Заев во Софија
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 10:55
Премиерот Зоран Заев на 17 мај ќе учествува на Самитот на Европската унија за Западен Балкан што ќе се одржи во Бугарија, земја претседавач на Европскиот Совет. За време на Самитот, предвидена е и средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.
„Заев ќе има билатерални средби со повеќе премиери и шефови на држави. Планирани се билатерални средби со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со канцеларката Ангела Меркел, како и со премиерот на Холандија, Марк Руте“, информираат од Владата.
Во агендата на премиерот Заев се испланирани и билатералните средби со премиерите на Австрија, Шведска и Естонија, Себастијан Курц, Стефан Лофвен и Јури Ратас.
Заев е поканет да учествува и да говори на конференции кои се одржуваат паралелно со Самитот на ЕУ во Софија.
На Самитот во Софија ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




