07 Мај, 2024
0.0259

ОД ЊУЈОРК НИШТО НОВО: Преговорите за името на Македонија-сé уште во фаза на „надежност“

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Се уште нема конечна одлука на спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се решени да продолжат да работат, додека не се најде решение, изјави вчера во Њујорк посредникот на ОН во разговорите меѓу двете страни, Метју Нимиц по разговорите со првите дипломати на земјите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

„Како што знаете, имавме средби вчера, а денес разговаравме ден и половина. Прашањата се добро формирани и точни. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои работевме многу", рече Нимиц по состанокот со двајцата министри вчера. 

Медијаторот нагласи дека Димитров и Коѕијас заминуваат во Брисел каде што разговорите ќе продолжат. Тој додаде дека иако сé уште нема конечно решение, двете страни се подготвени да работат напорно за да го најдат. 

"Преговорите се значително зајакнати, при што двете страни имаат важни позиции, а нивните ненационални интереси се дискутабилни. Двете страни ја признаваат важноста на она што е постигнато и се решени да го комплетираат", додаде Нимиц. 

На прашањето дали ќе се сретне со премиерите на Македонија и Грција, Метју Нимиц изјави дека често разговара со министрите, а со премиерите добро се познаваат и се надева дека ќе успеат да најдат решение.

Димитров и Коѕијас разговараа со посредникот Нимиц речиси шест часа завчера, а вчера преговорите продолжија околу два часа. 

"Од Нимиц ка очекуваме неговата мудрост за време на преговорите", кажа шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи, кои дискутираат за главните политички прашања и меѓу техничките групи. Сепак, грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека Грција нема да учествува во разговорите.

"Ние нема да го дадеме името Македонија, како што некои велат дека ќе земеме нешто кое што беше дадено пред 70 години", рече Ципрас. 

Ципрас верува дека името е несомнено "референца за античкиот грчки свет и големото културно наследство на грчка Македонија", а во преговорите Атина се обидува да го врати сето ова. Нешто што, според Ципрас, "не е лесно". Грчкиот премиер додаде дека е време двете земји да коегзистираат, да соработуваат и да живеат во мир во корист на целиот регион.

Ципрас: Ние преговараме за да си го вратиме името Македонија назад

Не одиме на преговорите да дадеме нешто, да го дадеме името Македонија, како што тврдат некои, одиме да го земеме назад нешто што е дадено пред 70 години, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во Солун по средбата со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис. 

Ципрас, одговарајќи на новинарско прашања, не се задржа на преговорите што се водат во Њујорк, а на тоа зошто Атина прифаќа сложено име, свртувајќи се кон сите оние кои во Грција ја обвинуваат владата дека "го дава името Македонија".

По состанокот грчкиот премиер беше критикуван од страна на опозицијата во Атина за молчење на оваа тема. "Ние сме во преговори кои се деликатни, критични, преземени се чекори. Продолжуваме да ја заштитиме националната позиција и кога веќе сум во Солун, во Македонија, сакам да кажам, бидејќи слушам некои дека велат дека не го даваат името. Ние сме тука, обидувајќи се да вратиме нешто, а не да дадеме нешто. Да го земеме тоа нешто што пред 70 години е дадено од други, не од нас", рече грчкиот премиер, објаснувајќи дека соседната земја и во рамките на Југославија, и по распадот го користи името Македонија" без никаква друга дефиниција".

Ципрас смета дека името без дефиниција "се насочува кон античкиот грчки свет и големото културно наследство на грчката Македонија", а во преговорите Атина се стреми тоа да си го врати, нешто што според Ципрас, "не е лесно".

"Ова е комбинирањето на навидум спротивни концепти кои имаат државен субјект кој 70 години се вика Македонија, а нема ништо заедничко со Александар Велики и со овој историски процес. Тие имаат словенски и албански корени и го препознаваат. Што значи дека ако добиеме дефиниција пред името Македонија, е голема победа и уште поголема ќе е да се договориме дека едно е нашата Македонија, која доаѓа од долгата традиција на грчкиот антички свет, а друго е нивната традиција и нивниот културен знак", рече Ципрас и истакна дека Грција ниту игнорира, ниту мисли дека Македонија нема традиција или културно наследство, но станува збор за две различни нешта. Грчкиот премиер додаде дека е време двете страни да коегзистираат, да соработуваат и да живеат во мир во корист на целиот регион.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција