Од удар на гром се запалија 4 куќи во Прилеп, општината најави помош и повика компании и граѓани да го сторат истото
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2022 14:56
Гром ноќеска предизвика пожар на 4 куќи во Прилеп.
Изгореа 4 куќи на улицата „Кузман Шапкарев“ во Прилеп. Пожарот се случил после полноќ, кога гром удри во една од куќите и ја опожарил, па огнените пламени брзо се прошириле на соседните три куќи. И покрај навремената интервенција на ТППЕ Прилеп, куќите изгореле до темел, велат од Општина Прилеп.ТППЕ Прилеп интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари.
Семејствата се ослободени од комунални давачки додека се обновуваат нивните куќи, а Општината ќе помогне со максималната можна финансиска помош. Од локалната самоуправа ги повикаа општествено одговорните компании и хумани граѓани да помогнат. Семејствата, кои не можат да најдат сместување кај своите роднини или пријатели, ќе бидат привремено сместени во Домот за стари лица и ќе добиваат топол оброк од кујната на домот. Општина Прилеп наскоро на својата веб страна, ќе ги објави и жиро сметките на семејствата за донирање помош. Невреме имаше вчера во делови од Македонија, но истото е најдено и за наредните денови.
Можеби ќе ве интересира
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците




