ОД 11 ДО 15 ЈУНИ НЕМА НИ ПРИЕМ НИ ИЗДАВАЊЕ НА ПАСОШИ, ЛИЧНИ КАРТИ И ВОЗАЧКИ - МВР го надградува системот
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2021 12:06
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.
Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.
Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 05. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.
Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 06. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.
Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




