Од утре почнува Детскиот саем во Скопје Сити Мол
Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2014 12:34
На вториот Детски Саем најавени се настапи на дечиња од детски фестивали и детски хорови, работилници за деца во детското креативно катче, забава и смеа со аниматори и магионичари, гостување на театарски групи, детска модна ревији како и многу други интересни активности за децата.“Следејќи ги потребите на децата, но и нивните родители, ја организираме оваа манифестација која има за цел да понуди интересни содржини, едукативни активности, социјализација на децата, враќање на старите познати маалски игри кои се повеќе се забораваат, како и бесплатни советувања од професионален тим во областа на педијатријата и нутриционизмот. Воедно ќе бидат понудени попусти и интересни акции во детските продавници, а истотака ќе има и улица на книгата со повеќе издавачи од земјава. Креирањето и реализирањето на ваков тип на настани, се
само потврда дека Скопје Сити Мол континуирано се грижи за заедницата во која делува’’, изјавија од Скопје Сити Мол.
Интересен е фактот што за прв пат на овој саем се организира Улица на игрите, во кое најмладите посетители ќе можат да се забавуваат на добро познатите игри, како “плочка”, “не лути се човече”, „змија“ и многу други.
Дополнително, за време на саемските денови ќе бидат организирани и работилници со педијатар, нутриционист и дерматолог, на кои родителите ќе можат да добијат бесплатни совети и одговори на секакви двоумици и прашања поврзани со развојот на децата.
Посетителите на Скопје Сити Мол, за време на оваа манифестација ќе можат да го проследат и
првиот Саем на детска книга, а воедно и да ги научат техниките за успешно владеење на шаховската табла, презентирани од страна на Гамбит.
Вториот City Детски Саем се одржува на 2 кат во Скопје Сити Мол и трае се до 20.05.2014 година.
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА






