16 Декември, 2025
0.1575

ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ ПОЗИТИВНО ЈА ОЦЕНИ ПОНУДАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА РАДЕ КОНЧАР АТ – ама немаат намера да ја прифатат

Објавено во: Финансии 10 Октомври, 2025 07:53

Добивај вести на Viber

Одборот на директори на АД Раде Кончар Апаратна техника Скопје ја оцени како позитивна понудата од Раде Кончар – Трансформатори и Електрични постројки за преземање и откуп на акциите на компанијата.

Сепак, членовите на одборот објавија дека немаат намера да ја прифатат понудата.

-  Членовите на Одборот на директори на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје кои се иматели на обични акции со право на глас немаат намера да ја прифатат Понудата за преземање од Преземачот Раде Кончар-Трансформатори и Електрични постројки-ТЕП ДООЕЛ Скопје – се посочува во мислењето објавено на Македонска берза.

Како што е наведено во документот, Раде Кончар-Трансформатори и Електрични постројки, објави Понуда за преземање на обични акции со право на глас издадени од АД Раде Кончар АT.

-  Врз основа на информациите содржани во Понудата за преземање и Проспектот за преземање на обични акции издадени од АД Раде Кончар AT доставени од Преземачот Раде Кончар-Трансформатори и Електрични постројки, како и сите податоци дадени во прилог на истите, предмет на понудата се обични акции со право на глас издадени од АД Раде Кончар AT кои Преземачот се обврзува да ги купи по цена од 2.435 денари по акција. Понудената цена е повисока од просечната цена на обичните акции издадени од страна на Раде Кончар AT, постигната на Македонска Берза во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање – се посочува во мислењето на Одборот на директори.

Потоа додаваат дека „Примарна цел на Преземачот по спроведување на преземањето е подобрување на финансиската кондиција на целното друштво како и зголемување на ефикасноста и рентабилноста, преадаптација и пренамена на деловните објекти на целното друштво, реструктуирање и оптимизација на работењето на друштвото, подобрување на работењето на друштвата каде што целното друштво поседува удели или акции“.

Се истакнува дека преземачот не планира промена во политиката на управување и планира целното друштво да продолжи со својата основна дејност, а во однос на вработените имајќи го во предвид фактот дека друштвото има еден вработен, доколку се појави потреба за нови вработувања истите би се реализирале согласно потребите.

-  Ваквите заложби на Преземачот во правец на очекувани исходи на Понудата за преземање, Одборот на директори на АД Раде Кончар АТ, генерално ги оценува како позитивни и завзема позитивен став кон истите. Помеѓу Одборот на директори на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје и Преземачот Раде Кончар-Трансформатори и Електрични постројки-ТЕП ДООЕЛСкопје, не се водени преговори во врска со Понудата за преземање – се посочува во документот.

Но, потоа додаваат дека иако е позитивна понудата, членовите на Одборот на директори на Раде Кончар-АТ кои се иматели на обични акции со право на глас немаат намера да ја прифатат Понудата за преземање.

-   АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје согласно ревидираните финансиски извештаи за 2024 година оствари добивка пред оданочување во износ од 36.213.945,00 денари и добивка по оданочување односно нето добивка во износ од 33.704.702,00 денари и тоа пред се како резултат на остварена капитална добивка и дивиденди од друштвата во кои АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје има свои удели и акции. Согласно ревидираните финансиски извештаи за 2024 година, книговодствената вредност на обичните акции издадени од АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје заклучно со 31.12.2024 година, изнесува 2.021,52 денари по акција – се посочува во мислењето на кое потпишан е претседателот на Одборот, Ѓорѓи Доновски.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска