ОДИ ВО ПРИТВОР: Косовски Србин се товари дека шпионирал во корист на Србија
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2024
Косово му одреди притвор од еден месец на косовски Србин осомничен дека шпионирал за Србија. Станува збор за поранешен полицаец.
Основниот суд во Приштина го товари за кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“.
Александар Влајиќ е уапсен синоќа по неколкумесечни истраги на Косовската разузнавачка агенција и косовската полиција. Влајиќ се сомничи дека вршел шпионски дејствија во корист на разузнавачките служби на Србија.
„Судот оцени дека се исполнети условите за определување притвор, бидејќи доколку обвинетиот А.В. на овој начин може да го попречи текот на кривичната постапка“, се вели во соопштението. Против оваа одлука, незадоволните имаат право на жалба до Апелациониот суд, преку Основниот суд во Приштина.
Пред една недела за истото дело во Урошевац беа уапсени две лица, косовски Албанци, на кои им е одреден едномесечен притвор.
Односите меѓу Србија и Косово се напнати. Косово не ја формираше Заедницата на српски општини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.