ОДМОРИ СЕ БЛИЖАТ: Турција, Албанија, Црна Гора или Грција-каде е најевтино во јуни?
Објавено во: Економија 31 Мај, 2018
Пакет за седумдневен аранжман во хотел со 4* во Турција на почетокот на јуни чини 299 евра од лице и во истата цена имате вклучено појадок и вечера, додека за хотел кој се наоѓа во срцето на Ситониа на 5км. од Никити и 13км. од Неос Мармарас на една од најубавите плажи на Халкидики на вториот крак ќе треба да издвоите помалку пари или 189 евра по лице во истиот период во месец јуни.
Доколку пак сакате поевтини аранжмани, скопските агенции нудат и летување на првиот крак каде што ќе најдете понуди и по цена поевтина од 170 евра.
Ако пак летово планирате да летувате во Црна Гора за двајца ќе треба да платите 235 евра за сместување во центарот на градот Суто море на само 250м од плажа.
Ако јуни како желба за дестинација каде ќе се релаксирате е Будва тогаш студио за двајца ќе ве чини околу 180 евра на почетокот на месецот.
За патување во соседна Албанија пак почетокот на јуни, агенциите нудат аранжмани за студио за наем по цени од 139 евра во вили сместени на 60 метри од плажа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.