16 Декември, 2025
0.0793

Одобрени парите за 35 еко-автобуси за „еден од најзагадените градови во Европа“

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој синоќа го одобри заемот од 10 милиони евра за да се купат 35 еко-автобуси. Во соопштението од банката стои дека со заемот ќе се подобри јавниот превоз и околината на еден од најзагадените градови во Европа. Проектот вреди 11,8 милиони евра.

Иако се лицитираше со бројки од 40, па и 50 автобуси кои се движат на природен гас, дефинираната бројка е 35 возила кои ќе имаат најмодерни мотори со Евро 5 стандарди, и треба да ги заменат старите дизели со Евро 2 стандард.

„Проектот има за цел да ги подобри и модернизира автобуските линии во Скопје преку купување на 35 автобуси на природен гас ("CNG") со мотори Евро 6, со цел да се обезбедат подобри еколошки и оперативни перформанси. За таа цел ЕБРД предвидува обезбедување на обезбедување на заем од 10 милиони евра за Јавното сообраќајно претпријатија, додека Град Скопје кој е основач на истото треба да обезбеди банкарска гаранција“, се вели во соопштението.

Во пакетот е предвидена и техничка поддршка за подготовка и имплементација на проекти, како и подобрување на ефикасноста и одржливост на работењето на компанијата (ЈСП) и реструктуирање на автобускиот сектор во Скопје.

„Главната цел на Проектот е да го зголеми и подобри нивото на јавниот транспорт и да го подобри квалитетот на воздухот во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа. Со оглед на тоа што новите автобуси ќе ги заменат старите дизел-автобуси Еуро II, предвидената инвестиција има значителни еколошки и здравствени придобивки и значително ќе го зголеми квалитетот и ефикасноста на услугите што ги нуди компанијата“, додава ЕБОР во образложението.

Очекувањата на банката се дека преку овој проект ќе се подобри животната средина, јавниот градски превоз и менаџирањето на ЈСП.

Одржувањето и управувањето на овие автобуси е лесно. Се очекува да ја подобрат сигурноста, безбедноста и ефикасноста на јавниот транспорт, додека технологијата на CNG ќе ги намали емисиите на загадување на воздухот: јаглерод диоксид за 19 проценти, PM честички за 98 отсто и NOx за 81 процент. 

Како дел од овој услов е Град Скопје долгорочно да го реконструира возниот парк и организацијата на ЈСП.

„ЕБРД евидентираше неколку недостатоци во претпријатието: недостаток на системи за управување со животната средина и социјалните прашања, недостаток на формален механизам за поплаки, нема поттик за зголемување на бројот на вработени жени, неодржување на депоата, несоодветно управување со безбедноста и здравјето при работа“, се вели во соопштението и се додава дека тоа треба да се надмине со обврските што треба да се превземат со овој договор за заем.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи