03 Мај, 2024
0.0888

Одржано е 41-то Годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Исплата на дивиденда во износ од 56.837.870 милиони евра, односно 2,50 евра бруто по акција.

На 41-вото Годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав, Управата ги претстави на акционерите резултатите од работењето на друштвото во 2015 година. Заваровалница Триглав, и покрај тешките услови, особено на пазарите на капитал, работеше успешно, при што изминатата 2015 година ја заврши во согласност со стратешките насоки. Акционерите го поддржаа предлогот на Управата и на Надзорниот одбор, дел од нето добивката да се намени за дивиденда во висина од 56,8 милиони евра, односно 2,50 евра бруто по акција. Собранието на акционери ја одобри работата на членовите на Управата и на Надзорниот одбор на друштвото за деловната 2015 година и ги прифати измените и дополнувањата на Статутот на Заваровалница Триглав, и за нов член на Надзорниот одбор го именуваше Игор Стебернак. Собранието ја именуваше ERNST & YOUNG ревизија, пословно световање, ДОО Љубљана за ревизорска куќа во 2016, 2017 и 2018 – та година.

На Годишното собрание на Заваровалница Триглав акционерите го поддржаа предлогот на Управата и на Надзорниот одбор за начинот на користење на нето добивката од 2015 година во висина од 65.028.271,76 евра. За дивиденда се наменува дел од нето добивката во висина од 56.837.870,00 евра, односно 2,50 евра бруто по акција. Во согласност со предлогот, за дивиденда ќе се исплатат 64% од нето добивката на Групацијата Триглав за 2015 година, односно 87% од нето добивката на Заваровалница Триглав за 2015 година. Предлогот за исплата на дивиденда за 2015 година е во согласност со новата дивидендна политика, која што е дел од политиката за управување со капитал на Групацијата Триглав. Во предвид се зема планираниот обем на работењето на матичното друштво и на Групацијата Триглав и со тоа поврзаните и предвидените потреби за капитал на словенечкиот и на другите стратешки пазари, а воедно се земаат во предвид насоките и добрата пракса во секторот на осигурување. За преостанатиот дел на нето добивката во висина од 8.190.401,76 евра, акционерите ќе одлучуваат во текот на следните години.

Групацијата Триглав успешно работеше во 2015 година.

Акционерите се запознаа со годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за деловната 2015 година. Групацијата Триглав минатата година го сочува високото ниво на финансиска стабилност и оствари раст на повеќе клучни индикатори. Доброто работење на Групацијата во основната дејност го покажуваат добриот комбиниран количник (92,8%) и профитабилноста на капиталот во висина од 12,8%. Добивката пред оданочување изнесуваше 102,5 милиони евра, што е за 2% повеќе споредено со 2014 година, а бруто полисираната консолидирана премија од осигурување порасна за 3%, на 919,1 милион евра. Показатели на високото ниво на финансиска стабилност се и 2% повисокиот капитал, како и 11% повисоките бруто-технички резерви на Групацијата Триглав, споредено со 2014 година.

Продолжуваме со реализација на зацртаната стратегија.

Собранието на акционери ја одобри работата на членовите на Управата и на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за деловната 2015 година. Според Андреј Слапар, претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, 2015 – та година ја обележаа растот на премија на пазарите надвор од Словенија, отсуството на масовни штетни настани, но и не толку поволната ситуација на пазарите на капитал. “Како прво би сакал да им се заблагодарам на акционерите за искажаната доверба. Во Триглав сме задоволни со резултатите од 2015-та година. Групацијата обезбеди повисока осигурителна премија споредено со 2014 година, ја зголеми добивката пред оданочување и се издвои со добро работење. Значаен напредок постигнавме и во доменот на стратешки важните пензиско и здравствено осигурување во Словенија и во регионот. Продолжуваме со спроведување на зацртаната стратегија и остануваме насочени на основната осигурителна дејност, со фокус на финансиската стабилност, профитабилноста и сигурноста во работењето. Во 2016 година работиме во тешки услови на нашите пазари и со понизок принос од финансиските вложувања, споредено со 2015 –та година. Изразено ниските каматни стапки и зголемената несигурност на финансиските пазари се реалност, која што влијае на целокупниот осигурителен сектор. Овие пазарни услови ги очекувавме и соодветно ги прилагодивме нашите деловни планови“, дополни Слапар.

Игор Стебернак именуван за нов член на Надзорниот одбор.

Акционерите ги прифатија измените и дополнувањата на Статутот на Заваровалница Триглав, кои што првенствено се однесуваат на прилагодување кон барањата на новото законодавство во осигурувањето, поврзани со имплементацијата на директивата Солвентност 2, и ја продолжија можноста за користење на авторизираниот капитал на Заваровалница Триглав. Собранието се запозна со оставката на Матеј Руњак од позицијата член на Надзорен одбор на Заваровалница Триглав и го именуваше Игор Стебернак за нов член на Надзорниот одбор, со четиригодишен мандат, кој што ќе има важност од денот на уписот на измените и дополнувањата на Статутот во судскиот регистар. Покрај тоа, усвоени се и одредбите за надомест на членовите на Надзорниот одбор, во насока на прилагодување на основниот надомест за извршување на оваа функција, при што се земени во предвид обемот на компанијата, солидната финансиска состојба, како и фактот дека компанијата котира на официјалната берза за хартии од вредност. Собранието ја именуваше ERNST & YOUNG ревизија, пословно световање, ДОО Љубљана за ревизорска куќа во 2016, 2017 и 2018 – та година.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија