Официјална агенда: Што ќе му каже Столтенберг на Иванов за половина час
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2018
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се упати кон Вила Водно на средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој е прв на агендата од полчасовни средби што ги има високиот политички претставник.
Столтенбер веднаш потоа ќе се упати кон Собранието на Република Македонија каде ќе ќе се види со официјалниот спикер Талат Џафери. Средбата е закажана за 9:40 и планирано е да трае половина час.
Од таму, генералниот секретар на Алијансата ќе отиде кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од 10:15 до 10.45.
Премиерот Зоран Заев ќе го чека Столтенберг во Клубот на пратеници, од 13:15. По завршувањето на средбата планирана е и прес конференција на која Заев и Столтенберг ќе ги соопштат заклучоците од средбата.
Пред јавноста Столтенберг ќе го посети Полкот за специјални операции во касарната во „Илинден“, Град Скопје и улицата 24 во стајковци каде НАТО пред две години помагаше да се расчистат последиците од поплавата.