17 Декември, 2025
0.0480

ОФИЦИЈАЛНО: Брисел нема да има еврокомесар само за проширување

Објавено во: Свет 10 Септември, 2014 19:15

Добивај вести на Viber

Новиот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер го претстави составот на новата Комисија со која ќе претседава. „Европските граѓани нод нас очекуваат резултати. По години економски проблеми и често болни реформи, Европејците очекуваат ефикасна економија, одржливи работни места, поголема социјална заштита, посигурни граници, енергетска стабилност и дигитални можности. Денеска го претставувам тимот кој ќе ја врати Европа на патот на вработувања и раст“, изјави Јункер. Според него новата Еврокомисија ќе биде „динамична и ефикасна“ и на Европа ќе и овозможи нов почеток. Тој нагласи дека земјите-членки ги предлагаат еврокомесарите, но тие не ги добиваат ресорите туку самите еврокомесари согласно нивните компетенции. „Ресорите им ги доделив на луѓе, не на држави. Испратив 27 играчи на терен, а секој од нив игра конкретна улога. Тоа е мојот победнички тим“, рече Јункер. Но, и покрај ваквите тврдења очигледно е дека поголемите земји во ЕУ добија поважни ресори. Така францускиот еврокомесар Пјер Московиси го доби веројатно најважниот од нив - ќе биде задолжен за економски и финансиски работи, даноци и царини. На ова место ќе биде надлежен да ги надгледува буџетите на сите земји-членки. Германија долго се спротивставуваше ова место да му припадне на еврокомесар од земја која постојано излегува од дозволените рамки по прашањата за фискалната политика. Досега функцијата ја извршуваше Финецот Оли Рен, кој се смета за еден од најголемите заговорници за буџетска дисциплина. Исклучително важно место доби и британскиот еврокомесар Џонатан Хил, што се смета отстапка на Јункер кон Лондон, кој се повеќе се оддалечува од ЕУ. Хил ќе биде еврокомесар за финансиски услуги, што е од огромна важност за Лондон како финансиски центар. Германецот Гинте Оетингер, кој досега беше задолжен за енергетика, сега ќе биде еврокомесар за дигитална економија. Јункер токму дигиталната економија и создавањето на заеднички дигитален пазар на ЕУ ги означи како први приоритети за раст и нови работни места. Новата Европска комисија нема да има посебен ресор кој ќе се занимава со проширување. Наместо тоа, се создава нов ресор - Европско соседство и преговори за проширување, кај кој од самиот наслов е видливо дека проширувањето не е во прв план. За него ќе биде задолжен австрискиот еврокомесар Јоханес Хан. Јункер во своите политички насоки во предизборната кампања веќе навести дека „на ЕУ сега и е потребна пауза во проширувањето за најпрвин да се консолидира“. „Тоа е причината заради која постојните преговори ќе продолжат, особено со Западен Балкан, кој мора да ја задржи европската перспектива, но нема да има ново проширување на Унијата во следните пет години“, вели Јункер.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави