ОФИЦИЈАЛНО: Хоџа се повлече од функцијата советник
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 17:06
Од денес, советникот на премиерот Џезаир Шакири повторно е командант Хоџа. Тој сепак се повлече поради реакциите на јавноста за неговото назначување. Реакциите беа надополнети со неговото присуство на американската црна листа, но и со неговите ставови од стари интервјуа за загинатите полицајци во Диво Насеље, како и неговите ставови за уредувањето на државата.
Шакири беше познат и по жестоките критики за ДУИ. Беше ангажиран како надворешен советник на премиерот за внатрешна безбедност и радикализам. Само пет работни дена откако се дозна за функцијата траеше ангажманот на Хоџа во кабинетот.
Во изјава за агенцијата МИА рекол дека се повлекува во интерес на државата и дека не му е до државната плата од 36 илјади денари месечно
„Единствениот политичар во Македонија што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Еве им ги назад, не ми се потребни“, кажа Џезаир Шакири-Хоџа за МИА.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




