Официјално: Поранешниот директор на Телеком и Оне Вип заменик-министер за финансии, новинарот Димитровски во локална самоуправа
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020 15:16
Димитар Ковачевски, поранешниот директор на Телком и Оне Вип, а до сега бизнисмен со фотоволтаични соларни модули како сопственик на компанијата ПиКСЕЛ груп, е назначен за заменик-министер за финансии во ресорот кој сега го предводи Фатмир Бисими. Владата официјално ја објави листата на заменици-министри која ќе ја предложи до Собранието.
Назим Буши, еден од досегашните министри во Телеком, ќе му биде заменик-министер на Оливер Спасовски, додека Агим Нухиу кој до сега ја држеше таа позиција ќе биде во Правда кај Бојан Маричиќ.
Поранешниот новинар Зоран Димитровски-Жоро, инаку кадар на Демократски Сојуз, е заменик-министер за локална самоуправа кај Горан Милевски, додека Зоран Маневски, поранешен државен секретар од Министерството за транспорт и врски оди кај Крешник Бектеши во Министерството за економија.
Илир Хасани, директорот на Хируршки клиники, ќе му биде помошник на Венко Филипче во Министерството за здравство.
Во продолжение целосната листа на предложените заменици-министри:
- Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;
- Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;
- Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;
- Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;
- Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;
- Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;
- Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;
- Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;
- Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;
- Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;
- Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;
- Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;
- Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
- Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;
- Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




