04 Октомври, 2024
0.2261

ОГНЕНАТА ЛИНИЈА ВО МАРИОВО СЕ ПРОШИРИ - на терен испратени се преку 200 професионалци

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Пожарот во Мариово не покажува знаци на намалување. Огнената стихија зафати околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесува 110 километри. 

Според прилепскиот кризен штаб, на теренот се преку 200 професионалци, а дејствува само еден „Ер трактор“, поради технички проблеми на вториот. Началникот на прилепскиот кризен штаб, Борче Јовчески, посочи дека будно се чуваат населените места, и силите главно се концентрирани на четири до пет критични локации.

– Во моментов професионалците се лоцирани четири до пет места каде пожарот е најактивен: во близината на селата Крушевица, Бонче и кон Штавица, каде се 50 припадници на АРМ и други професионалци кои ја дополнуваат таа група. Потоа кај селата Вепрчани и Дуње, каде се уште 50 припадници на АРМ. Со механизирани возила помагаат и од блиските рудници. Други ризични места каде има професионалци се: пожарот се заканува преку Волково да слезе кон селото Селце каде и манастирот „Свети Димитрија“ и како приоритетно место можеби таму ќе дејствува и „Ер тракторот“, но на лице место има доволен број професионалци, изјави Јовчески.

Додаде дека од денеска е активен и пожарот на потегот на Дрен и Смолани.

- Од утрово има и нов пожар, тоа е на потег Дрен - Смолани. Таму се упатени голем број наши пожарникари, како и кон Беловодица, каде се очекува пожарот да се прошири. За жал, од двата ЕР трактори, само еден е во функција  и е на лице место каде помага во гаснењето, а другиот имал технички проблеми и е приземјен - изјави Јовчески.

Најмногу е опфатена нискостеблеста трева, растенија и деградирана шума и немаме во големи размери опфатено на квалитетен шумски појас.

Републичкиот кризен штаб за заштита и спасување донесе одлука командувањето и управувањето со оваа криза да ја врши Дирекцијата за заштита и спасување, но прилепскиот кризен штаб останува активен да ја следи и организира ситуацијата на теренот.

Фото: Фејсбук/Архива

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Загинаа три медицински лица од Прилеп, утре во градот е Ден на жалост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Загинаа три медицински лица од Прилеп, утре во градот е Ден на жалост

МИЦКОСКИ: Од ЕУ ми велат вашите власти убедуваа дека даваат гаранција за нешто што не можат да го испорачаат

МИЦКОСКИ: Од ЕУ ми велат вашите власти убедуваа дека даваат гаранција за нешто што не можат да го испорачаат

СОВЕТОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Утре ќе биде Ден на жалост во Прилеп за трите загинати медициски лица

СОВЕТОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Утре ќе биде Ден на жалост во Прилеп за трите загинати медициски лица

Се навршија 29 години од атентатот на Киро Глигоров

Се навршија 29 години од атентатот на Киро Глигоров

МУЦУНСКИ: Бугарија треба да се подобри во третманот на малцинствата

МУЦУНСКИ: Бугарија треба да се подобри во третманот на малцинствата

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ: Kривична за скопски градоначалник и неговите соработници

МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ: Kривична за скопски градоначалник и неговите соработници

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира

„Каменоломот на Нефи Усеини го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето“: Левица бара почитување на законите

„Каменоломот на Нефи Усеини го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето“: Левица бара почитување на законите