Огромен тепих со знамето од Вергина на македонско јавно претпријатие заврши во депо
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019 11:14
Фото: Фокус
Огромен тепих со широју димензии со знамето на Вергина е отсрането од директорскиот кабинет на ЈП „Водовод и канализација“ и е однесено во депо, согласно Преспанскиот договор и стапувањето на владините одлуки во сила.
Ваквата одлука на Владата следувала на барање од официјална Атина, која потоа била испратена во јавното претпријатие, објави „Фокус“. Покрај тепихот имало и неколку слики на кои беше насликано сонцето од Вергина.
Според планот, овие симболи, кои за Грција се иритантни, треба да се отстрануваат од јавните површини во наредните шест месеци, а треба да се најде и решение и за спомениците кои го содржат и истите да се коригираат.
Тепихот е поставен со отворањето на новата зграда на „Водовод“ како дел од проектот Скопје 2014-та, а новоназначениот директор Душко Весковски кога беше назначен рече дека не е убаво секој кој минува преку него да го гази симболот.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




