16 Декември, 2025
0.0290

Охрид има неисцрпен потенцијал, но зошто Скопје има повеќе туристи?

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2018 06:20

Добивај вести на Viber

Во државата Скопје е број еден туристичка дестинација според бројот на туристи, што може да се види од податоците од Државниот завод за статистика. Иако Охрид е македонски бисер, сепак езерските места во земјава имаат помал број на гости од главниот град.

Во март годинава во Скопје имало 22 489 гости, од кои 3 160  домашни, а 19 329 странски туристи. Во истиот период на езерските места имало 13 830 туристи, од кои домашни се 5 554, а странски се 8 276 туристи.

Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека Скопје има повеќе настани, концерти, инфраструктура,  капацитети, a воедно пари од цела Македонија се слеваат во градот. Според него, најголемите туристички дестинации се подзаборавени.

„Споредба, на брегoт на Охридското езеро има детален урбанистички план за само 10% од брегот.  Мора да се изработи ДУП на цел брег. Да се изградат 10 нови хотели за почеток. Трговски центар меѓу Охрид и Струга, нешто како City Mall или некој Outlet како во Инџија, Србија. Сите патишта кон Охрид да се обноват. Аеродромот да има десет летови дневно. Воден регулиран сообраќај на цело Охридско езеро, решавање на паркинг во двата града, Охрид и Струга, воведување на бродски линии до сите населени места на брегот. Мора да има 15.000 легла за да биде прва дестинација. Трендот на зголемување на гости мора да го искористиме за да изградиме нови објекти со поубави понуди, а Скопје има неколку хотели во последните 5 години“- вели Блажески.

Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам на Македонија објаснува дека со оглед на тоа дека и последните статистички податоци од ДЗС од 11.05 2018 година  покажуваат дека најпосетуван град во параметрите „вид на туристичко место"е град Скопје посочува  дека понудата која е креирана од туристичките работници со сите елементи ги дава тие позитивни резултати и тоа континуирано во пораст од 2015 година наваму.

„Секако треба да се напомене фактот дека огромна предност на градот Скопје е што како главен град на државата има добра инфраструктурна поврзаност преку воведување на сè поголем број авиолинии со европски дестинации, центри од каде може лесно да се конектира и да претставува посакувана дестинација на посетители, туристи. Сместувачките капацитети сè се повеќе прилагодени на светските стандарди како и услугата која ја обавуваат. Содржините на одредени факултативни посети се истотака богато концепирани според целната група на туристи.Тие не секогаш се аранжмански гости кои се задржуваат повеќе дена затoа што Скопје е и деловен, бизнис и дипломатски центaр на Македонија посетуван по таа основа каде понудата треба да биде соодветно поставена. Што се однесува до прашањето зошто Охрид е помалку посетуван град, а претставува главен туристички центар во Република Македонија е токму поради сезонскиот карактер промовиран на градот како туристички центар. Она што треба да се направи во иднина е да се смени таа перцепција со поголем број на понуди кои би овозможиле 365 дена туризам во сите облици и форми на туризми затоа што потенцијалот кој го има Охрид е неисцрпен. Но, би сакала да напоменам и еден важен податок кој го даде пследната студија направена од Факултетот за Туризам од Охрид за обезбедување на податоци за изработка на модел за предвидување на идни показатели за развој во туризмот во ноември месец 2017 година според кој најголем број на ноќевања се реализирани во југозападниот дел од Македонија во кој спаѓа и градот Охрид, но и останатите населени места од регионот. Тоа ни дава за право во иднина мерливоста на одредени параметри за градот Охрид да бидат спроведени како целина на градот Охрид со околните населени места, а не само градското подрачје“ - вели Пејоска Ристеска.

Инаку, Македонија најмногу туристи има од соседството, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово. Меѓу побројните туристи се и Турците, Холанѓаните, Германците.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење