19 Декември, 2025
0.1046

Охридска банка: Акционерите задоволни од зголемената добивка

Објавено во: Мои пари 15 Април, 2014 14:21

Добивај вести на Viber

Годишното акционерско собрание на Охридска банка се одржа денеска во Скопје. Акционерите ги потврдија резултатите на Банката за 2013 година и ги усвоија финансиските извештаи за годината. Охридска банка манифестираше солидна отпорност во 2013 во предизвикувачко пазарно опкружување и објави нето добивка од 153 милиони денари што е 20% повеќе од резултатот во 2012 година, соопштија од банката. Во 2013 година, Охридска банка постигна нови остварувања во согласност со поставените стратешки цели, забележа пораст на бизнисот и ја одржа активната поддршка на клиентите наспроти отежнатата пазарна средина. Според податоците, кредитите се зголемија за 8,3%, средствата се зголемија за 4,0%, забележан е подобрен коефициент на трошоци на 65,7%, како и поволно ниво на нето чинењето на ризикот, со вклучен позитивен ефект врз нивото на резервации и постигнатиот резултат на позначајна наплата во овој период. Порастот на перформансите и на профитабилноста е значаен за Охридска банка, но исто така претставува значаен поттик за порастот на банкарскиот сектор во Македонија. Кредитите пораснаа над просекот за секторот, на тој начин придонесувајќи со 10% во растот на банкарскиот сектор, информираат од Охридска банка. Билансот на состојба на Охридска банка со 31.12.2013 година изнесува 28 милијарди денари што и овозможи на Банката да ја потврди и зајакне позицијата на четврта голема банка во Р. Македонија. Кредитите од меѓународни финансиски институции значително се зголемија со 13,2% учество во вкупните извори на средства, што придонесува за понатамошна диверзификација на структурата на изворите на Банката. 2013 година означува година на позитивен придонес на сите елементи на Билансот на успех на Банката со цел солиден и подобрен нето резултат што се должи на: ·         Засилените комерцијални активности; ·         Заштеди во оперативните трошоци и на целокупните трошоци под засилена контрола; ·         Позитивни ефекти од нето чинењето на ризик, квалитетот на кредитното портфолио и одличната наплата; ·         Намален правен ризик и ·         Позитивна капитална добивка. “Ние сме посветени на одржување на ова подобрено ниво на финансиските перформанси со истовремено зголемување на нашето пазарно учество на среден рок. Успешно го завршивме планираното репозиционирање на седиштето на банката во главниот град Скопје. Во тек се проекти од суштинско значење што ќе ни помогнат во постигнувањето на нашата мисија: реструктуирање и оптимизација на мрежата на експозитури; понатамошно подобрување на трошоците на Банката и управување со системите на контрола и внимателно управување со ризиците. Убедена сум дека ќе ја задржиме успешната перформанса и во годината во која Сосиете Женерал прославува 150 години од постоењето”, подвлече Јитка Пантучкова, Претседател на Управен одбор на Охридска банка.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза