Охриѓанецот Нефи Усеини и брат му добија ослободителна пресуда за инцидентот со Топаловски
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2022 16:32
Ослободителна пресуда доби охридскиот бизнисмен Нефи Усени.
Советникот на ДУИ во Советот на Општина Охрид и познат бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред 2 години пред охридски хотел.
Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно дека двајцата браќа го нападнале Топаловски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи и со снимки од видео надзорот, но, поради контрадикторните изјави на Топаловски, судот не утврдил дека тој е оштетен. Сведоците кои биле присутни пред судот кажале дека ништо не виделе.
По инцидентот на браќата им беше одреден притвор од 8 дена, а потоа беа пуштени да се бранат од слобода со гаранција од 850.000 евра. Додека траеше судскиот процес, оштетениот и сведоците ги менуваа исказите. Топаловски веднаш по инцидентот испрати фотографии до медиумите на кои се гледаше тој, целиот преврзан со завој на главата. Но, по само неколку дена го промени исказот, и велеше дека Усеини е негов пријател. Усеини во повеќе наврати беше инволвиран во тепачки, а последната беше пред неколку дена.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




