17 Декември, 2025
0.0597

ОЈО: Арачиновец го чистел пиштолот што го поседувал без дозвола и ја повредил сопругата

Објавено во: Македонија 28 Август, 2022 17:54

Добивај вести на Viber

Арачиновец го чистел пиштолот што го поседувал без дозвола и ја повредил сопругата, поведена истрага. 

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на Арачиново, осомничен дека сторил кривично дело –  Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 1 од Кривичниот законик.

„На 27 август, со општо опасно средство – огнено оружје пиштол “Црвена Застава” со калибар 7,65 мм кое неовластено го држел во својот дом, осомничениот предизвикал значителна опасност по животот или телото на неговата сопруга. Додека го чистел пиштолот, тој испукал во правец кон оштетената, и ѝ нанел тешка телесна повреда во главата, во пределот на увото. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице и привремено одземање на патната исправа“, велат од ОЈО. 

Судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му ги определи бараните мерки на претпазливост во текот на кривичната ​постапка. 

Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето