18 Декември, 2025
0.3616

ОЈО: Фатен е осомничен извршител на разбојништва во продавници за брзи кредити во Скопје

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2025 16:38

Добивај вести на Viber

Oд Основното јавно обвинителство соопштија дека е фатен осомничен извршител на разбојништва во продавници за брзи кредити во Скопје, и поведена е истрага. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични дела – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 25-годишен скопјанец, на 15 август годинава извршил разбојништво во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ, од каде со закана со огнено оружје – пиштол кон вработената одзел пари во вкупен износ од 60.500 денари. Тој влегол во објектот и седнал на едно од столчињата за странки, а кога оштетената го прашала колку пари сака, осомничениот извадил пиштол и ѝ рекол да ја отвори касата. Вработената, исплашена за сопствениот живот, од фиоката ја извадила касата, ја ставила на бирото и ја отворила, па осомничениот ги зел сите пари кои биле внатре и избегал. Три дена подоцна, од објект на истото правно лице во Старата скопска чаршија, осомничениот на сличен начин, заканувајќи се со пиштол, го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари. Ја напуштил продавницата, упатувајќи се во правец на плоштадот „Македонија“. По пат го фрлил пиштолот од Камениот мост во Вардар, по што избегал во непознат правец. По настанот, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, бидејќи избегал во Хрватска“, соопштија од ОЈО. 

Со оглед на тоа, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик тој повторно и сега да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и веројатност да го повторува делото, па од судијата на претходна постапка обвинителството побара да му биде определена мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери