ОЈО: Извршени се претреси на 16 локации, се истражуваат наводите за незаконски договори кои вклучуваат јавни набавки
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2025 14:51
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи почна предистражна постапка за злоупотреби поврзани со јавни набавки за сервисирање на службени возила. Истрагата вклучува дел од вработените во Одделот за општи и заеднички работи на МВР, кои се осомничени за злоупотреба на службената должност и договори со економски оператори.
„До овој момент, извршени се претреси на 16 локации, по наредба од судија на претходна постапка и во согласност со барањето на јавниот обвинител. Постапката е во рана фаза, и затоа во моментов не можеме да соопштиме повеќе детали. Меѓутоа, целта на истрагата е да се истражат наводите за злоупотреба и незаконски договори кои вклучуваат јавни набавки“, велат од Обвинителство.
Претходно, Министерството за внатрешни работи спроведе голема акција во која беа вклучени претреси во канцеларии на високи функционери, како и во познати автосервиси, кои дотогаш ги сервисирале полициските возила.
Истрагата откри сериозни неправилности, при што возилата останувале во неисправна состојба со месеци, а некои дури не биле поправени. Во текот на истрагата се утврди и дека дел од вработените во МВР и економските оператори договарале нови тендери кои биле штетни за државниот буџет.
Оваа акција на МВР е дел од поширока стратегија за борба против корупцијата и спречување на злоупотреби во државните институции.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




