ОЈО: Се испитуваат причините за несреќа на градежна локација во Кавадарци каде две лица го загубија животот
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 13:27
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години.
Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби.
- Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности - се наведува во соопштението на ОЈО Кавадарци.
Фактор веќе објави дека падот од огрома висина бил кобен за двајцата работници.
Можеби ќе ве интересира
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




