17 Декември, 2025
0.0480

Околу 20 000 странски туристи може да биле во Непал во земјотресот

Објавено во: Свет 27 Април, 2015 12:00

Добивај вести на Viber

Околу 20 000 странски туристи може да се наоѓале во Непал во моментот на земјотресот, објави весникот „The Himalayan Times“, повикувајќи се на регистарските податоци на Министерството за внатрешни работи на Непал.

„За жал, сепак не сите туристи го регистрираат својот престој во Непал“, велат од министерството.

Најголема популарност во Непал имаат туристите од Кина и Индија. Во моментот на земјотресот таму може да биле околу 3 000 Индијци и над 4.000 Кинези. Засега е познато дека стихијата го одзела животот на најмалку петмина Индијци и најмалку четворица кинески туристи.

Засега нема информации за тоа каде се наогаат на околу 300 од 549 регистрирани државјани на Австралија, 54 од 155 чешки државјани, 675 од 1098 Французи, а исто така и петмина Индијци, седум Колумбијци, 18 граѓани на Индонезија, петмина граѓани на Литванија, 28 граѓани на Тајпеј , 91 Украинци и околу 300 Јапонци.

Во исто време станува јасно дека медицинските власти во Непал стравуваат од можноста во земјата да избувнат епидемии, бидејќи во болниците нема доволно места, а водата за пиење и храната не се доволни за илјадниците сиромашни луѓе.

„Луѓето лежат на земјата, а до нив има отпад. Тие немаат пристап до медицински маски и тоа може да доведе до заразни болести“, вели еден локален лекар.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави