17 Декември, 2025
0.0671

Од Општина Центар ја демантираат изјавата на советникот Зоран Поповски

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 17:59

Добивај вести на Viber

Од Општина Центар ја демантираат изјавата за медиуми на Зоран Поповски, советник во Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. 

„На ден 11.05.2018 година, советникот во Советот на Општина Центар на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Поповски излезе со лажна изјава дека јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје не врши уплата на комуналната такса на сметка на Буџетот на општината која изнесува 6,3 милиони денари или околу 100 илјади евра. Ве известувам дека ЈП Паркинзи на Општина Центар годинава веќе започна со исплаќање на комуналните такси кои ќе бидат подмирени во најкус рок. Во изминатите години претпријатието не беше во можност да ги отплаќа таксите заради подмирување на долговите наследени од претходното раководство на ЈП ПОЦ и лошата соработка со тогашното Министерство за внатрешни работи кои го водеа луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и кои одбиваа да соработуваат и да одговорат на барањата на ЈП ПОЦ потребни за негово непречено работење, а не како што наведува Поповски дека „ПОЦ“ работи со финансиска загуба што било основ за недомаќинско работење.  Пред 5 години, ЈП Паркинзи на Општина Центар беше претпријатие со проблеми и долгови, горд сум што успеавме да го направиме стабилно претпријатие кое успешно си ги сервисира обврските. Повеќе од јасна е намерата на опозицијата што изјавува лаги и тенденциозно сака да нанесе штета на мојот углед и угледот на претпријатието преку објавување на неточни информации. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со лажни вести“- се наведува во демантот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски