17 Септември, 2024
0.0264

ОРБАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе дојде во Охрид на крајот на септември

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според Муцунски, засега не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември.

Запрашан за коментар на наводите дека Унгарија делува како параван на Кина во заемот од 500 милион евра за земјава, Муцунски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека не видел кредибилни докази за ваквото тврдење и дека заемот е од земја членка на Европската Унија, која во моментов претседава со ЕУ.

- Унгарија е земја чиј премиер редовно одржува билатерални средби со највисоките претставници на дел од земјите кои ги набројавте. Дури од нив е примен во нивните главни градови, со кои врши трговија, со кои има одлична дипломатска и економска соработка, така што ако сакаме да го гледаме низ призмата на одредени предизвици кои ги има, секогаш ќе има. Една земја членка нема да се согласува со друга, втора нема да се согласува со трета. Но, што би значело тоа, ако на Чешка или Словачка утре им се отвори некаков спор, ние треба да бираме со кој да соработуваме. Ние ќе соработуваме и со Германија и со Унгарија и Австрија и Франција, вели Муцунски.

Во однос на прашањето зошто Унгарија би имала интерес да и даде кредит на земјава во ситуација кога нејзините макроекономските показатели се далеку од сјајни – со огромен јавен долг и многу висок дефицит – Муцунски вели тоа е грижа на унгарскиот премиер и оти договорот е јавно објавен.

- Најголемата критика е дека за тој заем има адвокатски услуги кои се природни. Ако критиката е дека се плаќаат 70 илјади евра за заем кој е под сите пазарни услови, тогаш таа критика не држи. Која е позадината? Унгарија како земја која е најблиска до регионот на Западен Балкан, сака стабилност и препознава потенцијал во новата влада. Ако не можеме да обезбедиме заем под добри услови, не критикуваат дека земаме големи заеми. Сега проблемот е заемот доаѓал од земја членка на ЕУ и НАТО, но таа моментално имала несогласувања со ЕК и со неколку земји членки, рече Муцунски.

Муцунски вели дека тој како министер еднакво ќе ги третира сите потенцијални инвеститори без разлика дали доаѓаат од Унгарија, Словачка, Чешка или од САД, бидејќи тој како министер имал обврска да соработува со сите, да гради односи и да не биде селективен. 


Можеби ќе ве интересира

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата

Поранешната министерка Шахпаска отвора ординација по интерна медицина

Поранешната министерка Шахпаска отвора ординација по интерна медицина

ПРАВОТО НЕ Е НА НАША СТРАНА ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА! Еве што мисли професорот Тони Дескоски

ПРАВОТО НЕ Е НА НАША СТРАНА ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА! Еве што мисли професорот Тони Дескоски

НАПАДИ ВО ГЕРМАНИЈА: Дали ова им предизвикува страв на Македонците кои таму се преселија или привремено се на работа?

НАПАДИ ВО ГЕРМАНИЈА: Дали ова им предизвикува страв на Македонците кои таму се преселија или привремено се на работа?

„БУГАРИЈА МОЖЕ ДА КАЖЕ ДЕКА БЕШЕ ГРЕШКА И ДА СЕ ИЗВИНИ“: „Не би сакал да се разочарам од соседот“, вели Муцунски

„БУГАРИЈА МОЖЕ ДА КАЖЕ ДЕКА БЕШЕ ГРЕШКА И ДА СЕ ИЗВИНИ“: „Не би сакал да се разочарам од соседот“, вели Муцунски