18 Декември, 2025
0.0644

Орце Ѓорѓиевски победи во Скопје со помалку гласови од Трифун Костовски?

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2025 22:53

Добивај вести на Viber

Орце Ѓорѓиевски е победник на локалните избори за градоначалник на Скопје со најмал број на гласови досега, иако главниот град постојано го зголемува населението и гласачкиот електорат.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, според речиси конечните резултати на Државната изборна комисија, по преброени 99,12 отсто од гласовите,  освоил 94.633 гласови, наспроти Амар Мециновиќ од Левица, кој добил поддршка од 60.528 граѓани.

2021 : Данела Арсовска 118749

2017 : Петре Шилегов 141 164

2013 : Коце Трајановски 124 455

2009 : Коце Трајановски 112 331

2005 : Трифун Костовски 96180


Иако победата на Ѓорѓиевски е со значителна разлика, бројот на освоени гласови е помал од оној со кој победи Данела Арсовска во 2021 година, кога беше поддржана токму од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска тогаш освои 118.749 гласови. Бројот на неважечки ливчиња во вториот круг е 10.314. 

Споредено со првиот изборен круг, Ѓорѓиевски ја зголемил својата поддршка за околу три илјади гласови, откако тогаш освои 91.663. Од друга страна, Мециновиќ речиси го дуплирал бројот на гласови во вториот круг, откако во првиот за него гласаа 30.665 граѓани. Во Град Скопје се регистрирани 474.304 гласачи.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери