18 Декември, 2025
0.0500

ОСЦИЛАЦИИ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: ФТ со став за движењата на просечната плата

Објавено во: Македонија 24 Април, 2018 10:32

Добивај вести на Viber

Институтот за економски анализи „Finance think“  испрати став за движењата на просечната плата, по повод регистрираниот пад во февруари, наспроти растот еден месец претходно за кој од Владата кажаа дека се должи на успешните економски политики и зголемувањето на минималната плата.

Според економистите од „Finance think“, јануарскиот пораст не е последица од промените со минималната плата, туку исклучително сезонски ефект.

„Во февруари 2018, просечната нето плата во Република Македонија забележа значителен пад на месечно ниво од -3.6%, притоа одржувајќи го започнатиот тренд на годишен раст од претходно, од +3.6%. Претходно, во јануари 2018, годишниот раст изнесуваше 5.6%, поради што нето платата за првпат се искачи над 24.000 денари.

Значителниот пораст во јануари и значителниот пад во февруари 2018 година не се за изненадување. Уште при објавувањето на јануарскиот податок за нето платата, Finance Think укажа дека се работи главно за сезонски ефект, којшто се јавува вообичаено поради исплаќањето годишни додатоци на плата, а не се должи на порастот на минималната плата. Доколку се набљудува десезонираниот (долгорочен) тренд на платите (види Слика 1), тогаш тој е недвосмислено растечки, што делумно се должи и на порастот на минималната плата од октомври 2017, но конкретниот пораст на платата во јануари 2018 е во голема мера чист сезонски ефект. Во истата мера, значителниот пад на платата во февруари 2018 е, во голема мера, сезонски ефект (главно, поради пократок месец), и не се должи на потенцијално лоши економски фундаменти.

Притоа, за обележување е дека годишниот раст на платата во периодот јануари-септември 2017 година изнесувал просечно 2.5%, додека во периодот октомври 2017-февруари 2018, 3.7%. Разликата во овие две просечни стапки на пораст може да се припише на порастот на минималната плата. Но, особено е важно, засегнатите страни да не очекуваат дека порастот на минималната плата може драстично да се одрази врз пораст на просечната плата, односно наглиот пораст на просечната нето плата во јануари 2018 во никој случај не можеше да се толкува како последица на порастот на минималната плата.

Според ваквите движења, Finance Think очекува дека просечната нето плата за 2018 година, би се движела околу 24.000 денари.“, велат од таму.

извор: Фокус

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери