17 Декември, 2025
0.0555

„Осигурување Македонија“ стана дел од „Виена Иншуренс Груп – ВИГ“

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 15:25

Добивај вести на Viber

Откако стана дел од австриската групација „Виена Иншуренс Груп – ВИГ“, осигурителната компанија „Кјуби“ се ребрендира во „Осигурување Македонија“. Групацијата од април годинава поседува 94 проценти од сопственоста на македонската компанија. - Стратегијата за раст и за напредување на ВИГ се темели на долгорочни инвестиции. Притоа се фокусираме на одржлив развој на премиите и профитот. Нашата цел е да бидеме една од најдобрите осигурителни компании на секој пазар, а неодамнешното проширување на нашите активности во Македонија го покажува токму тоа - истакна на денешната прес-конференција заменик-генералниот директор на ВИГ, Франц Козина. ВИГ, рече Козина, сега има пазарен удел во Македонија од 24,6 проценти и оцени дека македонскиот пазар има потенцијал за развој, презентирајќи ги податоците дека во Македонија по жител осигурувањето изнесува 55 евра, во Србија таа сума изнесува 72 евра, додека во земјите од Југоисточна Европа просекот е меѓу 200 и 500 евра. Австриската групација во Македонија беше присутна од 2007 година преку осигурителната компанија „Винер“. Групацијата работи во 24 земји, со 190 години искуство во осигурителниот бизнис. Има 24.000 вработени, и полисирана премија во 2012 година од 587 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи