Османи: Ако го прифатиме предлогот , преговорите со ЕУ ги започнуваме следните денови
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 18:25
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во изјава за Канал 5 потврди дека изменетиот француски предлог, кој денеска пристигна во Владата, е конечен. Османи потврди дека пред два дена лично ги водел разговорите во Софија околу последната форма на документот.
Вели дека треба да се разгледа целиот пакет, сите аспекти, ставови.
„Ако го прифатиме предлогот , преговорите со ЕУ ги започнуваме следните денови“, вели Османи.
Тој на својот Фејсбук профил посочи дека објавените документи не се финалниот предлог од француското претседателство.
„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи“, пишува Османи.
Вели дека имаат целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но замолуваат за трпение.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




