Османи ги посети Македонците во Пустец
Објавено во: Македонија 28 Август, 2022
Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи при посетата на Албанија, се сретна и со Македонците од Пустец.
На средбите со градоначалникот Пали Колески, како и со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски ги отвориле прашања кои се предизвик за локалната власт и локалното население во поширокиот регион на Пустец
„Остануваме во комуникација со Македонците во Албанија и албанските институции за прашања кои се од интерес на нивната етничка, културна и јазична посебност. Остварив средба со директорот на училиштето, во кое учениците посетуваат настава на македонски јазик“, информира Османи.
Министерството за надворешни работи во текот на минатата година финансираше неколку проекти на македонски здруженија од Албанија, додека Владата и Министерството за образование и наука доделија 20-тина стипендии за студирање во нашата држава.
фото Фејсбук