21 Мај, 2024
0.0327

Османи кажа која е најдобрата опција за земјава по ветото

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ЕУ згреши што го одложи почетокот на преговорите, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој рече дека сториле што можеле, и дека граѓаните не треба да ги зафати апатија. Порача дека во унијата имаме пријатели и дека не треба да се откажеме од ЕУ. 

„Процесот на одлучување во Унијата е сложен, со консензус, и ние на тоа мора да се навикнеме“, рече Османи пред пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика. 

Вели дека најдобрата опција останува со добра волја да се интензивира реализирањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и враќање на довербата од страна на Бугарија во неговата ефикасност и имплементација.

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во своето последно телевизиско гостување излезе со нова провокативна изјава, алудирајќи на тоа дека Македонија е таа која ги присвојува историските личности за севе.

„Потпишавме договор пред 3 години, тој не се запазува. Не знам дали знаете дека дури и Исус Христос е Македонец. Скопските политичари мораат да ја градат својата историја врз основа на автентични факти од нивната историја“, рече министерот за одбрана во интервјуто за бугарската национална телевизија.

Тој вели дека Македонија треба да го промени пристапот кон заедничката историја за да добие датум на преговори со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци