ОСМАНИ ОЧИ ВО ОЧИ СО ДЕЈВИД КАМЕРОН: Еве за што разговараа

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023
Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи вечерва во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ оствари средба со Дејвид Камерон, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, во чиј фокус, како што информираат, биле билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство кои се поставени на највисоко ниво во изминатите три децении.
На средбата, Османи го информираше Камерон за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и предизвиците со кои Организацијата се соочува, за чие решавање клучен ќе биде Министерскиот совет кој од утре и официјално започнува во Скопје.
- Нашиот партнер, Обединетото Кралство, низ годините одигра клучна улога во растот на Северна Македонија во независна европска демократија, рече Османи на средбата.
Османи, се вели во соопштението од неговиот кабинет, го информираше Камерон за активностите што Северна Македонија ги презема во насока на зајакнување на функционирањето на демократските институции и владеењето на правото, области кои се клучни во остварувањето на крајната цел – полноправно членство во Европската Унија.
- Северна Македонија продолжува да биде активен и конструктивен чинител на регионално ниво, давајќи суштински придонес за натамошното продлабочување на добрососедските односи, регионалната соработка и зајакнувањето на регионалната безбедност, рече Османи на средбата.
ФОТО:МНРМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
