Османи: Почнува маратонска дебата, одлуката ќе биде донесена во следните денови
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека денеска на централното претседателство партијата ќе ги разгледува документите од работните групи кои интензивно работеа и ги доближија ставовите.
Тој додаде дека вечерва почнува маратонска дебата, секое прашање многу внимателно ќе се разгледува, а одлуката ќе биде донесена во следните денови.
„Ќе се разгледува документацијата која е составена од работните групи. Лидерот Али Ахмети вчера вечер на средбата ги надмина разликите, и исполнети се условите претседателството да ги разгледа предлог законите и да може да одлучи“ - рече Османи.
Не може да се симплифицира процесот на давање потписи, поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии, додава Османи.
Османи информираше дека ако тој материјал е недоволен, тој ќе биде вратен на работните групи на ДУИ и СДСМ.