17 Декември, 2025
0.0638

Османи: Постојат два рока за СЈО од ЕУ

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2019 12:59

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, денеска одговарајќи на новинарско прашање откри дека Македонија работи со сите земји-членки кои се резервирани во однос на прашањето за проширување на Европската унија и ги убедува државата да добие Датум за преговори од ЕК.

- Оваа година државата ќе влезе во втората фаза по 20 години и ќе започне преговори со Европската унија. Рабитиме со земјите-членки, со сите нивни дилеми кои што ги имаат во однос на проширувањето. Важно е дека тие дилеми не се однесуваат на нас. Не може да се најде забелешка за работата на Република Северна Македонија во однс на исполнувањето на критериумите. Се обидуваме да им објасниме дека интересот за започнување на овој процес е многу поголем, но штетат ќе биде уште поголема ако не се започне. Јас ве уверувам дека нема да оставиме непревртен камен за да ја обезбедиме иднината на оваа земја - изјави Османи.

Во поглед на извештајот на ЕУ, тој рече дека нема да биде објавен пред европските избори и затоа ќе го почитува тој став и нема да објавува детали. За судбината на СЈО вели дека ЕУ има дадено два рока за да се постигне договор во опозицијата - едниот пожелен и другиот непожечен.

- Според пожелниот рок, тоа е препорачливо да се постигне до објавувањето на извештајот на Европската комисија, а другиот е до објавувањето на одлуката на Европскиот совет - истакна Османи.

Додаде дека се чека да заврши одморот на премиерот Зоран Заев и веднаш потоа ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски