Османи: Треба сите чинители во двете општества да се согласат на тоа решение
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2018 08:03
Во дебата на „360 Степени“, Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања зборуваше за тоа што се договорило меѓу премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Тој вели дека имаме решение коешто е прифатено од двете влади, меѓутоа владите не се тие коишто одлучуваат сами за вакви прашања.
„Тука влегуваат и другите чинители во општеството, тука влегуваат опозицијата, претседателот на државата, граѓаните, затоа велиме значителен напредок а не велиме завршено прашање, заради тоа што владата е само еден чинител, можеби најважниот чинител, но е само еден. За да има решение треба да има се, цело е кога има се, треба сите чинители во двете општества да се согласат на тоа решение. Меѓутоа, ова е постигнување без преседан, бидејќи ние никогаш во овие 27 години не сме биле во ситуација во која двете влади се согласуваат за едно решение. Доколку тоа решение би било прифатливо дома, бидејќи целиот процес ќе се одвива низ најтранспарентен и институционален можен начин, и доколку се добие ист впечаток и од другите важни чинители во општеството, се разбира дека тоа ќе биде финалното решение – рече Османи.
Тој не сакаше да ја коментира информацијата дека предлогот за името е „Република Илинденска Македонија“, барајќи прво да бидат информирани опозицијата и претседателот на државата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




