ОСТАНУВААТ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Украина ќе дозволи транзит на гас преку нејзината територија, но да не е руски
Објавено во: Економија 19 Декември, 2024
Украина е подготвена да разговара за транзит на гас од кое било потекло, освен руско од 2025 година.
Украинскиот премиерот Денис Шмихал изјави дека Украина е подготвена да смисли договор што ќе овозможи транзит на гас преку нејзината територија до западна Европа, но отфрли какво било продолжување на постоечкиот договор со Русија.
„Нагласив дека договорот на Украина со Русија за транзит на гас завршува на 1 јануари 2025 година и нема да биде продолжен“, кажа премиерот.
Словачка и другите земји што добиваат гас од Русија, транзитирано преку цевководи во Украина, се во разговори за да се обидат да избегнат прекин на тие текови кога договорот ќе истече.
Некои држави од ЕУ во источна Европа размислуваат да обезбедат резерви од Азербејџан, кои би можеле да транзитираат низ Украина, но сè уште не е постигнат договор. Русија е под санкции поради инвазијата на Украина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.