22 Ноември, 2024
0.0269

Oткако ќе влезат во пензија се селат во помалите градови во внатрешноста на Македонија

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Има доста случаеви кога пензионерите од Скопје се селат во помалите места во Македонија, каде е мирно, тивко, а обично и трошоците за живот се помали.

Оваа појава не е масовна, но сепак постои. Од агенциите кои се занимаваат со продажба на недвижен имот велат дека последните неколку години почесто се случува луѓето кои се во пензија или се на возраст над 50 години да се преселат, да си купат стан во некоја од помалите општини. Некогаш е тоа од економски аспект, така што ќе продадат поголем стан во Скопје и за пониска сума ќе купат мал стан во некој од помалите градови, со што им  останува добра сума на пари или пак ако се селат, тоа го прават за лична сатисфакција. Од агенцијата за недвиожен имот „Меѓа“ од Струмица велат дека има доста пензионери кои земаат странски пензии, и за живот ја бираат Струмица.

„Има луѓе кои работеле во Словенија, стекнале словенечка пензија, и од Љубљана, Марибор, доаѓаат да живеат во Струмица. Станува збор за Македонци кои живееле во Словенија. Бираат мали станови со површина  до 48 квадрати во центарот на Струмица и тоа најчесто на пониските катови. Им се допаѓа Струмица затоа што градот е жив, има доста места каде можат да одат, било да е тоа во околните села или во бањата Банско“, додаваат од „Меѓа“.

Се случува луѓе од Скопје да купат имоти во Крушево, Берово, Дојран, со цел таму да ги поминат пензионерските денови.

„Шест месеци или година дена пред да влезат во пензија, тие активно бараат станови. Има и пензионери кои од првиот ден откако ќе влезат во пензија се во Дојран. Им се допаѓа местото затоа што е воздушна бања. Блиску им е Гевгелија, каде имаат банки, имаат сè, но и Солун. 90 отсто од клиентите кај нас се пензионери, и тоа од Скопје, Куманово и дел од Струмица“, велат од Дојран Билдинг Инвестмент.

Што се однесува до Охрид, оваа појава сега е поретка затоа што цените на недвижниот имот растат.

„Порано имаше повеќе, а сега поретко се случува пензионери од главниот град да купат станови во Охрид, затоа што цените скокнаа. Оние кои претходно купуваа станови, бараа локации во центар и тоа до 50 квадрати“, објаснуваат од охридска агенција за недвижности.

На интернет има и огласи каде се нуди замена, односно луѓето нудат имот на периферијата на Скопје, за куќа или станче во помал град.

„Јас имам викендичка во околината на Скопје, а сакав да најдам куќа во Берово,  од здравствени причини, поради чистиот воздух, и тој дел од Македонија отсекогаш ми бил убав, ми се допаѓа местоположбата. Сакав да најдам мала куќа, а потоа просторот може да се преуреди по желба. На пензионер што му е потребно освен бања, мала кујна, кревет? Ако младите мигрираат во градовите, старите можат да мигрираат во малите места. И ова не е само кај нас. Ако можат Англичаните, зошто не можеме и ние? Баш имаше пример во Бугарија во едно село, неколку британски фамилии купиле имоти. Ја посетив Хрватска и таму видов дека имаат наплив на Полјаци, исто и во Црна Гора имаа наплив на Руси кои купуваа имоти, иако тоа беше повеќе за бизнис“, раскажува скопјанка.

Таа додава дека малите места имаат свои предности во однос на големите градови каде сè е на трчање, на брзање, има метеж, и загаден воздух.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ПЕТРУШЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови

ПЕТРУШЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови