ОТКРИЕНА Е „МИНИ ФАБРИКА“ ЗА ЛАЖНИ МОНЕТИ: Приведен е маж од Ресен
Објавено во: Македонија 05 Август, 2024
Акција на македонската и косовската полиција, oткриена е ковачница за лажни монети евра.
Македонската и косовската полиција, како дел од заедничкиот истражен тим помеѓу Основното јавно обвинителство Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Косово, вчера на косовска територија го приведоа лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“.
Беа извршени претреси на три локации, при што се пронајдени и одземени: две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење.