Откриена најчуваната тајна: Познат рецептот на Кока-Кола!
Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2015 21:34
Кока-Кола е најпопуларниот газиран пијалок на светот, а речиси денеска не постои некој кој што не го пробал.
Иако многумина со години го бараат рецептот на овој популарен пијалок, малкумина од нив знаат дека тој е објавен уште во 1993.
Верувале или не, во Кока-Кола се става мускантно оревче, коријандерм ванила и цимет, а останатите состојки на јавноста и ги прикажа истражувачот Марк Пендерграст кој во 1993 година ја објавил книгата за историјата на Кока-Кола.
Тој тврди дека на рецептот наишол сосема случајно, прегледувајќи ги архивите на Кока-Кола во Атланта.
И покрај тоа што рецептот е достапен, тешко ќе успеете да го направите овој пијалок во вашата кујна.
Погледнете ги состојките:
Кофеин цитрат Екстракт од ванила Ароми 2,5 мл (детали подолу) FE Коко (дериват на кока билката) Лимонска киселина Сок од лимон шеќер вода
карамел
За аромата се потребни 80 капки сок од портокал, 120 капки сок од лимон, 40 капки сок од мускантно оревче, 40 капки течност од цимет, 20 капки течност од коријандер и еден литар алкохол (смесата треба да отстои 24 часа). Алкохолот служи за да се извлече вкусот.
Содржината на кофеинот во оригиналниот пијалок бил двапати поголем отколку денеска и потекнувал од оревот на горчлива кола во комбинација со фосфорна комбинација. Денес се додава лимонска киселина, како би се избалансирал вкусот.
Оригиналниот пијалок од 19 век содржал и кокаин кој потекнувал од листот на кола. Сега меѓутоа се користи само екстракт од листот на кока и тоа оној кој преостане дури кога се екстархира кокаинот.
Иако пијалокот се флашира ширум светот, сирупот се произведува исклучиво во САД, токму поради тоа што компанијата Стефан од Илиниос е единствена која има дозвола од државата легално да увезува листови од кока на кои не им е отстранет кокаинот.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




