ОТКРИЕНИ 40 ТОНИ НЕБЕЗБЕДНИ СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИ ВО МАГАЦИН ВО МАЏАРИ: АХВ изрече казна од 18 илјади евра

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 11:23
Пронајдени се големи количини сувомеснати и кондиторски прехранбени производи во нелегален објект во скопско Маџари. По негово откривање, производите се одземени и уништени, објавија од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од АХВ посочуваат дека по добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари на диво работи магацин за храна, Агенцијата во соработка со полицијата спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло.
- Во објектот кој служел како магацин за храна, а кој не е регистриран во АХВ како оператор, инспекциските служби на Агенцијата нашле 40.751 килограми небезбедни производи (сувомесни и кондиторски производи), за кои е издадено решение и кои се нештетно уништени.
Дополнително, во дворот на дивиот магацин, од страна на МВР запленето е превозно средство - комбе, во кое се пронајдени 360 килограми небезбедни сувомесни и кондиторски производи, кои исто така се нештетно уништени - се посочува во соопштението на АХВ испратено до медиумите.
Од Агенцијата додаваат дека за расчистување на овој криминал, во рамки на постапката, а со цел прибавување на сите потребни информации, АХВ спроведе контрола и кај увозникот на небезбедните сувомесни производи затекнати во дивиот магацин. Притоа укажуваат од АХВ, обезбедена е целокупната документација за реализираните увози, како и за следливоста на пратките, за период од последните шест месеци.
- Со анализа на документацијата, утврдено е дека дел од производите биле со зголемено количество на фосфати, што било потврдено со лабораториски наоди од земени мостри од пратките кои се увезувале во земјава, а кои биле анализирани во рамки на мониторинг програмата за храна од увоз на АХВ. Пратките со небезбедни сувомесни производи биле складирани кај дистрибутерот (во дивиот магацин), кој имал законска обврска нештетно да ги уништи, но, тоа не го сторил, односно за нив од страна на овластена депонија му било издадена фиктивна потврда за уништување на небезбедните производи - се појаснува во соопштението.
Од АХВ додаваат дека при спроведениот инспекцискиот надзор во објектите на дистрибутерот, затекнати биле сувомесни производи во вкупна количина од 40.053 килограми, кои биле ставени под официјален надзор, а подоцна во рамки на постапката и нештетно уништени.
- За сторен прекршок неусогласеност со барањата за безбедност на храната и за преземените постапки за спречување на ризик по здравјето на потрошувачите, на правното лице кое стопанисувало со дивиот магацин за храна, изречена му е казна од 18 илјади евра во денарска противвредност. Со 1500 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице на операторот со храна - се посочува во соопштението на АХВ.
Од оваа институција не откриваат кој е увозникот на храна кој не го испочитувал законот и не ја уништил храната која била посочена како небезбедна, ниту пак ја открија депонијата која му издала потврда за уништување на производите, кои всушност не биле уништени согласно законите.
Фото: Принтскрин/Твитер
Можеби ќе ве интересира
„СЕЛЕКТИВНАТА ПРАВДА НЕ Е ПРАВДА, НЕЛИ 'МАЛИ ФРЧКО?'“Петрушевски вели оставката не го ослободува од кривична одговорност

ЛАНИ ЗА ШЕЕСЕТИНА НАСТАНИ УРЕДНО СЕ ПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Колку постапки повела полицијата за непријавените?

„ОВА Е НАЈМАЛКУ ШТО МОЖЕМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ЗА НАШАТА МУЗИЧКА ЛЕГЕНДА“: Иницијатива, МКЦ да го носи името на починатиот Андреј од ДНК

ПОМОЛЕТЕ СЕ ЗА 59 НАСТРАДАНИ ЗЛАТНИ ДЕЦА И ЗА НАШЕТО КОЧАНИ: Статус кој стана вирален, а е посветен за херојството на сите таа кобна вечер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина
