19 Декември, 2025
0.1238

Отворање на сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали и сензорни елементи во ООУ „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2022 15:39

Добивај вести на Viber

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија опреми уште една сензорна соба со мноштво на дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема. Со оваа проектна активност, од денес наставниот и стручниот кадар од ООУ „Ј. Х. Песталоци“- Центар има на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и др.

„Квалитетното образование, пред сè, инклузивното образование е предизвик за секоја локална самоуправа и дополнителен мотив е во континуитет да се вложуваат ресурси за децата со пречки во развојот. Концептот за инклузивно општество и вклучување на овие ученици во редовната настава се дел од образовната стратегија на oпштината и, во таа насока, сензорната соба што од денес ќе им биде достапна на децата од ООУ „Ј. Х. Песталоци“- Центар е само уште еден чекор кон исполнување на главната цел, а тоа е нивна целосна инклузија.”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„Важноста од една ваква интервенција е огромна за нашето училиште, особено имајќи на ум дека во нашето училиште учат 21 ученик со попреченост. Од денес со гордост може да кажеме дека нашето училиште е поинклузивно и овозможува високо-квалитетно образование и можност на секое дете да ги оствари своите потенцијали. Се радуваме што во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост можеме да го споделиме овој исчекор кон обезбедување на еднакви услови за развој и учење на сите ученици и сите заедно уште еднаш да пратиме порака за еднакво општество за сите.”, истакна директорката на училиштето, Катерина Атанасова.

Проектот „Биди ИН, биди Инклузивен, биди ИНклудиран“ го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука. Целта на проектот е унапредување на можностите за образование на учениците со попреченост и развој на инклузивното образование и досега се отворени 20 сензорни соби и 10 инклузивни игралишта, а неколку училишта добија и асистивна технологија и дидактички материјали за лица со попреченост. Исто така, како дел од проектот се доделуваат и месечни стипендии за 468 ученици со попреченост, а се обезбедува и туторска поддршка за учениците стипендисти.

Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА