19 Декември, 2025
0.0369

Отворен 10-от Веро супермаркет

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2014 18:14

Добивај вести на Viber

Во скопската општина Кисела Вода, пред голем број на гости и комитенти, денеска и официјално беше отворен новиот, 10-ти по ред Веро супермаркет. Се наоѓа на булевар Борис Трајковски (поранешна Првомајска) на просторот на некогашните магацини на Жито Лукс, во непосредна близина на просториите на општината Кисела Вода. Станува збор за јубилеен 10-ти по ред Веро супермаркет кој се протега на површина од околу 1.500м2, со 7 каси, модерен складишен дел од 700 м2 и подземен паркинг за 40 автомобили. Новиот Веро има и свој бесплатен паркинг простор кој е предвиден да ги задоволи потребите на посетителите. Веро 10, се наоѓа на една од најфреквентните улици во Скопје, низ која поминуваат голем дел од граѓаните на Скопје, одејќи на работа и враќајќи се дома, со што им е овозможено попатно да си ги завршат своите куповни потреби, а во Веро 10 ќе имаат голем избор од најдобар квалитет, тврдат од компанијата. „Долг период на време чувствувавме потреба да отвориме супермаркет во овој дел од градот, и отворањето на 10-иот Веро Супермаркет за нас претставува голем успех и доказ дека работите одат по нагорна линија. За 17 години успеавме да создадеме лојални потрошувачи и да воспоставиме со нив искрени релации што е и главниот клуч на позитивниот развој кој го бележиме. Кога сите неопходности беа направени, и беше избрана вистинската локација го реализиравме и овој голем чекор каде уште еднаш на нашите ценeти купувачи, посебно од овој дел од Скопје ќе можеме да им понудиме услуги и квалитет по стандардите на Веро“, изјави Костас Теодосијадис, генерален менаџер на Веро. Првиот Веро Супер маркет беше отворен во Скопје пред 17 години и од тогаш до денес овој ланец на супермаркети ја гради својата приказна постојано инвестирајќи во нови малопродажни објекти. Веро има тим од над 900 вработени низ земјава, кои се водат од компаниското мото „Купувачот е нашиот шеф“.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза